Нема крај на скандалите со исчезнати деца од домот „25 мај“

Спасибо! Поделитесь с друзьями!

Вам не понравилось видео. Спасибо за то что поделились своим мнением!

Добавлено от admin
6 Просмотры
Нема крај на скандалите со исчезнати деца од домот „25 мај“
Надлежните не смеат да бараат оправдувања ако малолетни деца кои се под заштита на државата со денови ги нема, реагираат од Детската амбасада Меѓаши по информациите од МВР дека во домот „25 мај“ три деца се водат за побегнати.
Според Драги Змијанац, претседателот и основач на Првата детска аамбасада во светот Меѓаши треба многу да се инвестира во кадарот кој работи во домовите за деца . Бегаат малолетни деца кои не се под ничиј надзор, а не се кривично одговорни. Децата кои излегуваат од воспитно-социјални институции треба да пораснат во совесни и работно способни граѓани.
Веќе трет ден ни трага ни глас од трите деца кои избегаа во четвртокот напладне. Од Министерството за труд и социјална политика уште вчера за Алфа рекоа дека се запознаени со случајот, но се оградија дека не објавуваат ништо се додека полицијата не излезе со официјален извештај. И денеска во телефонски разговор ни го потврдија тоа. Од МВР, пак, нè известија дека истарагата е во тек.
Каде се во меѓувреме трите малолетни даца кои се на возраст од 11, 13 и 14 години? Дали се кај семејствата или роднините, од каде малолетниците со причина биле одземени за државата да се грижи за нив, ниту една надлежна институција нема одговор.
Александра Овчарска
Категория
Новости телеканала 24/365

Написать комментарий

Комментарии

Комментариев нет.
Яндекс.Метрика