Протест за чист воздух. Нашето здравје е поважно од вашите нови фотелји

Спасибо! Поделитесь с друзьями!

Вам не понравилось видео. Спасибо за то что поделились своим мнением!

Добавлено от admin
7 Просмотры
ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ: НАШЕТО ЗДРАВЈЕ Е ПОВАЖНО ОД ВАШИТЕ НОВИ ФОТЕЛЈИ
Ирена Каревска саб, 17.11.2018 | 5:11 pm
Нашите животи се поважни од вашите нови фотелји. Здравјето на граѓаните е повредно од вашиот луксуз, затоа почнете да го решавате она за што ви дадовме мандат – со вакви пораки започна денешниот протест во Скопје против отровниот воздух.

„Ние сме тука да ја кренеме јавната свест дека сите истиот воздух го дишеме. Воздухот нема вера, нема партија, нема религија воздухот е за сите нас.“ - вели Александар Делчевски.

Граѓаните бараат итни мерки – веднаш да престанат со работа индустриските капацитети кои не ги задоволуваат еколошките стандарди, да се озакони одговорноста кај градоначалниците пред избирачите и да се стави крај на градежната експанзија и сечата на зеленило.

„За жал власта во последнава година не покажа доволно организираност, оперативност – едноставно системски е проблемот. Ние сега можеме да галамиме ама воздухот се чисти од пролет, а тие тогаш забораваат на тоа.“

Особено се револтирани на владините планови кои со 1, 5 милиони евра тврдат дека двојно ќе го намалат загадувањето. Ова е срамно, порачаа граѓаните правејќи споредба дека за наредната година само за нови автомобили и мебел, власта планира да потрошат скоро пет пати повеќе од тоа.

„Ова е евидентен факт дека за нашите претставници поважна е нивната комоција отколку човековиот животи. Нашиот живот тие го вреднуваат поевтино од нивниот мебел.“ - вели Јована Мојсовска – демонстрант.

Наместо да не труете со политика - почнете да ги решавата отровите кои не трујат со години, порачаа говорниците на протестот кои потенцираат дека токму борбата за чист воздух и беше главен адут на актуелната власт за време на предизборието.

„Додека се занимаваме дали експремиерот Груевски бил киднапиран или не, овие што се на власт ни го киднапираат чистиот воздух. Не ставаат во ситуација на тивко умирање, а децата кои ги гледате тука утре којзнае дали ќе останат овде да се борат за чист воздух и здрава животна средина“ - вели Драги Змијанац од Детската амбасада Меѓаши

Граѓанските организации веќе започнаа и петиција за итни мерки против загадувањето која наредната недела ќе им ја достават на институциите, а дополнително најавија и колективна тужба против државата. Од надлежните пак, денеска немаше реакција за протестот.
Категория
Новости телеканала 24/365
Теги
air polution

Написать комментарий

Комментарии

Комментариев нет.
Яндекс.Метрика